ДУИ на 21 декември во Скопје ќе одржи конгрес

ДУИ /Фото: Илустрација

На денешната седница на централното претседателство на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) беше донесена одлука 4-тиот конгрес да се одржи на 21 декември во Скопје. Партискиот портпарол Бујар Османи рече дека конгресот претставува кулминација на внатрешниот изборен процес во партијата низ ограноците.

– Самите бевте сведоци на еден исклучително демократски внатрешен процес со што ДУИ навистина воспоставува стандарди на демократска внатрешна компететивност и селекција. Сето тоа треба да кулминира на конгресот при што ќе се избира централниот одбор, претседателот на партијата, но исто така ќе се утврди и мисијата на ДУИ за наредниот период, петте резолуции кои што ќе бидат донесени како и измените и новата програма, изјави Османи.

За предвремените парламентарни избори догодина нема конечни одлуки, а според Османи нема да има една изборна единица.

– На овие избори нема да има, ниту има официјално барање на состаноците на кои се разговара за подготовка на изборите, рече Османи.

На новинарско барање за коментар за една кадровска замена во МВР, наводно на релации СДСМ-ДУИ, Османи изјави дека полицијата е непартиска и таква треба да остане.

– Тоа е ставот на ДУИ дека полицијата треба да биде надвор од партиските влијанија, но никој не смее да биде дискриминира заради своите политички убедувања надвор од полициската служба, рече Османи.

Дел седницата на претседателството е направен и пресек на развојот на политичките настани во земјата, но и во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот