ДУИ ја поздрави одлуката на американскиот претседател Бајден

ДУИ / Фото: Архива

 Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува извршната наредба на претседателот Џо Бајден со која се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за сите оние кои го дестабилизираат Западниот Балкан, се вмешани во корупција и ги ризикуваат демократските институции.

Како што се наведува во соопштението од ДУИ, за поздравување е фактот што меѓу оние кои ја
загрозуваат стабилноста на Западниот Балкан се етикетирани и вклучени и оние кои работат против Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор кои всушност се и наши прогласени светско познати црвени линии.

-ДУИ целосно ја поддржува одлуката на САД, поточно нивната посветеност за унапредување на
отчетноста и борбата против корупцијата во Западниот Балкан, но и низ целиот свет. ДУИ како одговорна партија во Република Северна Македонија ја поздравува одлуката на Белата Куќа за гарантирањето на безбедноста и политичката стабилност на Западниот Балкан, а посветеноста на администрацијата на Бајден за унапредувањето на основните интереси во заштитата на демократските институции ДУИ ќе ја подржи и никогаш нема да се двоуми, се наведува во соопштението од партијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот