ДУИ И СДСМ убедуваат дека меѓу нив има единство, повикаа да се донесе Законот за ЈО

Пратеникот на ДУИ Артан Груби за време на паузата на прес конференција посочи дека целосно го поддржуваат Законот за јавното обвнителство.

Пратениците во Собранеито се на пауза која ја побара ВМРО-ДПМНЕ, поради тоа што министерката за правда Рената Десковска не го образложи Законот за јавното обвинителство.

Неофицијално пак, собраниски извори велат дека Министерката не се обратила за да не предизвикала бура од репллики и контрареплики од опозицијата. Пратеникот на ДУИ Артан Груби за време на паузата на прес конференција посочи дека целосно го поддржуваат Законот за јавното обвнителство.

-ДУИ апсолутно го поддржува Закнот за јавното обвинителство и Законот за Совет за јавни обвители, почнувајќи од Али Ахмети, па се до последниот пратеник во ова Собрание. ДУИ не го условува Законот за јавното обвинителство со носење на ниту еден друг закаон или процедура. Нека го стават на гласање во наредниот половина час и ќе дојдеме сите заедно со Али Ахмчти да го гласаме- рече Груби.

Прочитајте и...  Тројца хрватски пратеници, осомничени за проневера останаа без пратенички имунитет

Груби посочи дека Изборниот законик е усогласен и потпишан од сите координатори на пратнеички групи и ќе биде пуштен во собраниска процедура.

-Во него се вметнати сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР. Измените се и за шестата изборна единица. Дебар, Маврово и Ростуше се префрлаат во изборната единица 5 за да се постигне баланс со гласовите- рече Груби.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

И координаторот на СДСМ, Јован Митревски денеска посочи дека Законот за јавното обвинителство овој пратенички состав мора да го донесе, бидејќи тој е темел на реформите во правосудството кој гарантира неселективна правда.

-Овој закон, но и другите закони важни за реформите мора да се најдат пред пратениците и да се обезбедат услови пратениците да се изјасснат за Законот. Никој не смее да го блокира и опструира, бидејќи со тоа се блокира правдата и државата се враќа назад. Мора да се обезбедат услови за да се најде решение. Пред граѓаните ветивме правда и неселективна борба против криминалот и граѓаните тоа го очекуваат. Ова е шанса тоа и да го оствариме. Сендицата е можност да видиме навистина кој е за правда, а кој за одбрана на криминалот. Република Северна Македоија продолжува со крупни чекори да чекори напред. Нема да ја вратат назад структурите кои се плашат од правда и кои се во одбрана на режимот, рече Митревски.

Прочитајте и...  Домашни реакции на бугарски меморандум: Македонскиот јазик и идентитет се неспорен факт

И Груби и Митревски посочија дека нема проблеми меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ, бидејќи и двете партии очекуваат Законот за јавното обвинителство да биде донесен и Собранието да биде распуштено до 16 февруари.

За евентуалното ново собраниско мнозинство кое на својот фб го најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, Груби рече секогаш ДУИ ќе биде определувачки фактор.

-И сега и утре, секогаш ќе биде определувачки фактор за формрање на Влада. Кој и да разгледува било какви опции тоа е негово легитимно право. Ние и сега сме определувачки како што ќе бидеме определувачки фаткор и на 13 април, по изборите ќе бидеме апсолутен определувачки фактор. И при изборот на спикерот на 27 април и на Владата и на сите најкрупни процеси во оваа држава- рече Груби.

Прочитајте и...  Ковачев: Гоце Делчев е на Македонија, никој не сака да и го земе, тој е и на Бугарија

Тој посочи дека ќе го поддржат разрешувањето на техничката минстерка за труд и социјална политика Рашела МИзрахи, поради непочитување на уствното име и двојазичноста, а со тоа и Преспанскиот договор и Охридскиот договор.

Прочитај повеќе

Хафтар: Ќе ги отвориме нафтените полиња за да ја обезбедиме иднината на Либија

Слободен печат

Советот за човекови права на ОН усвои Резолуција за Белорусија

Слободен печат

Германското МНР за бугарскиот меморандум- историјата нека им остане на историчарите

Слободен печат

Димитров: Бугарија во членот 2 од Договорот за пријателство има обврска да ни помага во процесот на европска интеграција

Слободен печат

Ковачев: Гоце Делчев е на Македонија, никој не сака да и го земе, тој е и на Бугарија

Слободен печат

Над 13 илјади заразени во еден ден во Франција, во Париз заразата се шири најбрзо

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Атина „цвета“ короната, 40 отсто од вработените ќе работат од дома, се откажуваат концерти и кино проекции

Слободен печат

Претседателот на Гватемала заразен со ковид-19

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски и неговиот шеф се криминалци

Две брачни двојки пријавиле 1.200 лажни бремености, од француските власти извлекле близу два милиони евра

Слободен печат

Џонсон: Доаѓа втор бран, се плашам дека е неизбежен

Османи: Нема да дозволам сопки и емоции да влијаат на патот кон ЕУ, верувајте во тоа

Слободен печат