ДУИ го промовираше Мерко за кандидат за градоначалник на Струга

Рамиз Мерко/ Фото: Влада на Република Северна Македонија

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко на октомвриските избори ќе биде кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за трет градоначалнички мандат. Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби од Струга објави дека на локалните избори на 17 октомври нивни кандидат ќе биде Рамиз Мерко.

Груби изјави дека предлогот доаѓа  од на ДУИ лидерот Али Ахмети и најави нова изборна победа на 17 октомври, кога се закажани локалните избори.

– Ќе жнееме уште една победа, благодарение на работата и трансформацијата што Рамиз ја направи во Струга – рече, меѓу другото, Груби на трибината во Струга „20 по Охрид“ организирана по повод одбележувањето на 20 -годишнината од Охридскиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот