ДУИ дискутираше за стратешките документи пред Конгресот - Слободен печат

ДУИ дискутираше за стратешките документи пред Конгресот

Демократската Унија на Албанците (ДУИ) вчера одржа состанок на Централното претседателство пред закажаниот Конгрес на партијата.

На состанокот на разгледување беа стратегиските програмски докоменти, поделени под пет точки: 1) Консенсуална интеграција, 2) Колективна правда, ветинг, 3), Квалитетен живот, 4) Развој, работа и благосостојба и 5) Младите во своето место.

Во документите, ДУИ, акцентот го става на интеграцијата во едно граѓанско општество и заедници кои се потполно рамноправни и вели дека консенсуалното одлучување, заедничкото владеење и рамноправноста се предуслов за интеграција во сите нивоа, преку превземање одговорност од страна на сите законски преставници.

За ветингот, ДУИ, истакна неколку контроли, контрола на интегритетот и транспарентноста на секој оној кој сака да врши јавна функција, како и истрага за приходите, имотот, кариерата.

За квалитетен живот, ДУИ се залага за одделување на политиката од образованието, креирање на сеопфатен амбиент за учење, училишта и класови каде учениците ги признаваат различностите и учат заедно, премиси за изградба на стабилно општество.

Со ова може да се постигне подобар квалитет во јавната администрација, по ефикасна и подобри услуги за граѓаните.

Во четвртата сфера, развој, работа и благосостојба, ДУИ, цели на зголемување на животниот стандард на граѓаните, мерено според приходите по глава на жител.

Во резолуцијата Младите во своето место, ДУИ ќе се ангажира за државна стратегија за младите, и конкретни мерки за нивно вклучување на пазарот на трудот

Прочитај повеќе

ЦИА ОТКРИВА: САД го поддржувале Садам Хусеин во нападите со нервен гас врз Иран

Слободен Печат

НОВА ТРГОВСКА ВОЈНА НА ПОВИДОК: Британците предизвикуваат гнев, а причината се Гугл и Фејсбук

Слободен печат

Макрадули: Во 2020 нов повик за субвенции за поставување филтри кај мали и средни компании

Слободен Печат

Продолжува процесот за отповикување на Трамп

Слободен Печат

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: Почуствуван е и на грчкиот остров Лезбос

Слободен печат

Кина го затвора Вухан поради опасност од ширење на коронавирусот

Слободен Печат

Остави Коментар

2 × three =

Прочитај повеќе

Отфрлени промените на предлог-законот за Брегзит

Слободен Печат

ГЛОРИЈА ЈА ПУСТОШИ ШПАНИЈА: Најмалку осум загинати и тројца исчезнати (ВИДЕО)

Слободен Печат

Американка ги убила своите три деца: Ги задушив додека им пеев

Слободен печат

АНКЕТА НА „СИ-ЕН-ЕН“: За претседателски кандидат кај демократите водат Сандерс и Бајден

Слободен печат

Собранието ги донесе Законите за младински додаток и за енергетска ефикасност

Слободен Печат

Испукани ракети врз аеродромот во Триполи, откажани сите летови

Слободен Печат