ДУИ: Да се обединиме сите албански партии и сите Албанци за да избереме Албанец премиер

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Од ДУИ, и денеска преку соопштение, ја шират нивната идеја за прв премиер Албанец.

„Демократската Унија за Интеграција смета дека Охридскиот договор спроведува, Албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците предводат најмногу позиции од било кога, клучни позиции како судии Врховен и Уставен суд, министри во клучни министерства, Претседател на Собрание и многу други.

Но сепак, поради тенденциите на исклучување и одбивност на рамноправноста, Албанците се соочуваат со потешкотии во работните места, во секојдневниот живот и се соочуваат со селективна правда.

Затоа, ова не поттикна да го превземеме следниот чекор, за да ги тргнеме и последните потешкотии на граѓаните Албанци, на начин што ќе имаме потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето. Ова е причината зошто се ангажираме да имаме Прв Албански премиер во Северна Македонија.

Постигнавме многу во нашата историја како Албанци во Северна Македонија и секогаш обединети се боревме за заедничките цели. Како за време на војната така и за време на кризата.

Сега е време пак да се обединиме за целта која е поважна од сите партии и поважна од секоја личност. Заедно, со обединети гласови на Албанците, на секој од нас, но и на другите, ова можеме да го постигнеме.

ДУИ ги повикува сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа национална кауза за албански претседател на Владата. Сега е време сите заедно да ја пишуваме нашата историјата, сега е време да продолжиме до потполна рамноправност. Но, исто така, време е и сите албански партии да заземат став: дали се спремни да се постројат на правичната страна на процесите за да се продолжи напред и да ја поддржат иницијативата за албански премиер?

ДУИ ги поканува сите албански партии да и се приклучат на оваа иницијатива и заедно, да се договорат за следниот премиер Албанец на Северна Македонија. Со албански премиер, Албанците за прв пат во историјата ќе раководат со извршната власт и ќе ја превземат таа одговорност. За прв пат, премиерот под еднакво ќе биде на сите граѓани. Премиер за рамноправност и едниство: за еднакви работни места, за еднаква плата, за еднакви права и за неселективна правда. За Албанците и за сите граѓани во државата. Долго време, ова беше само сон. Но, овој пат, ние ова можеме да го оствариме во реалност. Како што ги остваривме во реалност и нашите претходни сништа. За посигурна иднина на сите нас и за потполна рамноправност.

Сега е наше време. Заедно, можеме да испишеме историја градејќи ја иднината. За нас Албанците, и за целата држава“, се вели во соопштението на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот