ДУИ бара заедно со процесот за лустрација да се реши и прашањето за полтичките затвореници

ДУИ /Фото: Илустрација

ДУИ е за лустрација, но бара и поширока дебата на оваа тема.

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) е за процесот за лустрација но бара истовремено да се реши и прашањето за поранешните затвореници.

Ова го истакна пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили, откако вчера пратениците на ДУИ, не присуствуваа на седницата каде што требаше да се дсикутира за Предлог законот за укинување на лустрацијата.

„ДУИ е за лустрација бидејќи сме го гласале законот за лустрација, но сакаме за ова да има поширока дебата. Исто така сакаме да се отвори и прашањето за поранешните политички затвореници и паралелно да се реши прашањето за поранешните политички затвореници од комунистичкиот систем“, изајви пратеникот Исмаили, пишува Алсат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот