ДУИ бара ветинг на сите политичари, судии, обвинители, а Беса гаранции дека ќе продолжат предметите на СЈО

Политичарите и политичките партии треба да се воздржат од преземање на улогата на судија и на обвинител, како и на пропагандист или на пишувачи на лажни вести во целиот овој процес, изјави денеска пратеникот од ДУИ Артан Груби и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, по изгласувањето на одлуката Предлог-законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка.

Случајот „Рекет” и вклучувањето на повеќе општествени елементи, како што наведе, ја наметнуваат потребата за ветинг на сите политичари, на сите судии и на сите обвинители без никаков исклучок.

Пратеникот од Беса, Фадиљ Зендели, пак, изјави дека тие нема да го поддржат Предлог-законот за ЈО ако во него нема гаранции дека ќе продолжат да се процесуираат сите предмети кои биле обврска на СЈО.

– Ако немаме вакви гаранции во Предлог-законот, нема да го поддржиме. Значи, како движење Беса и јас самиот како пратеник барам во дебатата и во амандманската расправа да имаме целосни гаранции дека сите предмети кои се започнати и кои биле во постапка или материјали кои се користени од страна на СЈО, ќе продолжат да се обработуваат и од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, изјави Зендели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот