ДУИ: Активисти на коалицијата Алијанса-ВМРО-Левица го инсценираа инцидентот

Фото: Слободен печат / принтскрин

Демократската унија за интеграција соопшти дека најостро ги осудува вечерашните инциденти, кои според партијата се случиле на „антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“.

„Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и изпланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи. Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денеска е функционер на ВМРО, директор на Комунална хигиена во Скопје. ДУИ повикува на смиреност и не поттикнување меѓуетнички инциденти и насилство на протестите“, велат од ДУИ.

„Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа“, пишува во соопштението од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот