Дуделанж не се плаши од Шкендија – Слободен печат
СпортФудбал

Дуделанж не се плаши од Шкендија

Тимот од Луксембург е нареден противник на македонскиот шампион

Македонскиот шампион Шкендија, по бламажата која ја доживеа против Номе Калју на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите, настапите ги продолжува во второто по квалитет европско натпреварување, Лигата на Европа.

Противник на Шкендија е претставникот од Луксембург, екипата на Дуделанж која минатата година беше европски хит со пласманот во групната фаза во ЛЕ.

Дуделанж досега два пати играл против македонски екипи, во 2002 година поусшен од тимот од Луксембург беше Вардар (1:1,3:0), а во 2006 година ги елиминира Работнички (1:0, 0:0).

– Секој европски предизвик носи  надеж дека можете да се пласирате во следното коло. Шкендија е квалитетен тим, и ги респектираме, но веруваме дека можеме да одиме во следната рунда. Минатата сезона игравме во групната фаза во Лигата на Европа, и би било фантастично доколку успееме да го повториме тој успех и годинава. Но, сега имаме многу промени во тимот. Ќе се обидеме, а и веруваме дека можеме да останеме непоразени на утрешниот меч во Скопје – изјави Емилио Фереира, тренерот на Дуделанж.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close