Дуда предлага уставни измени: Забрана за посвојување на деца за истополовите заедници

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, во екот на кампањата пред вториот круг од претседателските избори, што се закажани на 12 јули, поднесе предлог за измeна на Уставот, со кој ќе се забрани лицата од ист пол да посвојуваат деца.

Може да се посвои само малолетно лице и тоа само за негово добро, а може да посвои само брачна двојка, која според Уставот е дефинирана како врска помеѓу жена и маж. Малолетник не може да биде посвоен од лице кое живее во заедница со лице од ист пол, истакна Дуда образложувајќи го уставниот амандман.

Доколку две третини од пратениците и сенаторите би ги изгласале уставните измени, судовите и надлежните органи би биле должни да проверуваат дали некој кој сака да посвои дете како поединец, да не е во врска со лице од ист пол.

Дуда, кој во вториот круг од претседателските избори влезе како кандидат на владејачката конзервативна парија Право и правда, и во кампањата се претставуваше како заштитник на Полјаците од ЛГБТ. Тој истакна дека сексуалните малцинства не се луѓе туку идеологија, која е полоша од болшевичката.

Актуелниот полски претседател се обидува да го претстави својот политички опонент од либералната Граѓанска платформа, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски како неморален кој ќе им овозможи на истополовите бракови да посвојуваат деца.

Тшасковски истакна дека Дуда, со иницијативата и нападите врз ЛГБТ лицата, се обидува да го сврти вниманието од правите проблеми на Полјаците, што Владата не ги решава, како и од другите афери на конзервативната десница.

Дуда во првиот круг освои 43,5 проценти од гласовите, а Тшасковски – 30,46 отсто. Според досегашни анкети, вториот круг е целосно неизвесен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот