Дуа Липа во ретро комбинација на Британските музички награди: Со својот моден избор на многумина ги потсети на легендарната Ејми Вајнхаус

Instagram

Британската пејачка Дуа Липа славеше на доделувањето на Британските музички награди откако доби две вредни награди, една за албум на годината за нејзиниот последен албум „Future Nostalgia“ и награда за најдобар соло изведувач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Најдобар албум – „Future Nostalgia“ и најдобар женски соло изведувач! Им благодарам на моите обожаватели. Ова е ваша заслуга“, напиша Липа во описот на објавата на својот инстаграм-профил.

Покрај успехот, многумина, секако, го коментираа нејзиниот ретро изглед. Дуа Липа на доделувањето на наградите се појави во жолт краток фустан – дизајн на култната британска дизајнерка Вивиен Вествуд, во комбинација со подвезици и пурпурни чевли со висока платфморма.

Без сомнение сите погледи беа вперени токму во неа. Овој секси изглед на ѕвездата беше комплетиран со ретро пунџа што беше заштитен знак на пејачката Ејми Вајнхаус, која трагично почина во 2011 година на само 27 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@lipavoices)

А, заводливата шминка и бисерниот ѓердан беа совршено вклопени во ова гламурозно издание на познатата пејачка.

25-годишната бринета многумина ги потсети на легендарната Ејми Вајнхаус, која беше ѕвезда на црвениот килим на доделувањето на Британските музички награди во 2007 година во жолто мини здолниште во ретро-стил со потпис на брендот „Прин“.

Британски музички награди: Дуа Липа со две награди, Тејлор Свифт влезе во историјата…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот