Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово

Фото: Принтскин/Фејсбук

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во петокот ѝ  ја врачи титулата „почесен амбасадор на Косово“ на светски познатата пејачка Дуа Липа.

По тој повод Османи „во име на сите граѓани на Косово ѝ се заблагодари на Липа за сè што направила гласот на Косово да се слушне низ целиот свет“, се наведува во нејзината објава на Фејсбук.

Османи додала дека Дуа Липа го користи својот глас и талент, не само за да му понуди на светот песни кои оставаат трага, туку, како што навела, „ да ја претстави најдобрата слика за Косово секаде во светот“.

Инаку, британската пејачка со косовско потекло Дуа Липа деновиве престојува во Приштина, каде ги собра своите обожаватели, на својот четиридневен фестивал „Сани хил“ во Приштина на 4 август.

Липа на прес-конференцијата пред почетокот на фестивалот изјавила дека нема поубаво чувство од настапот во Приштина.

Фестивалот е организиран од истоимената фондација „Сани хил“, на Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин.

На овој фестивал покрај косовските уметници настапуваат и Дипло, Џеј Балвин, Скепта, Еј Џеј Трејси, како и евровизиските претставници на Италија Махмуд и Бланко.

Самата Дуа имаше експлозивен настап на „Сани хил“.

„Сани хил фестивал“ е создаден од Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин во 2018 година. Поради пандемијата на коронавирусот, две изданија на фестивалот беа одложени. „Сани хил“, освен во Косово, носи големи ѕвезди и во Тирана, Албанија, каде ќе се одржи на крајот на месецот, од 26 до 28 август.

Инаку, Дуа Липа која долги години живее во Британија, секогаш ја истакнува силната врска со Косово.

Пејачката пред три месеци за магазинот „Вог“ даде големо интервју во кое, меѓу другото, се осврна и на своето косовско потекло.

„Вог“ во написот истакна дека пејачката чувствува голема поврзаност со родното место на нејзините предци.

Дуа Липа на насловната на „Vogue“ ја истакна силната врска со Косово: Веруваа во мене кога никој друг не веруваше

Дуа Липа до Албанците во САД: Гласајте за Бајден, беше со Косово (ВИДЕО)

Дуа Липа објави слика на која пишува: „Зошто Косово нема да биде Србија“, па следеше одговор од Карлеуша! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот