Дуа Липа на насловната на „Vogue“ ја истакна силната врска со Косово: Веруваа во мене кога никој друг не веруваше

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Дуа Липа, британската пејачка и текстописец, се најде на насловната страница на новото издание на магазинот Vogue, за кој даде големо интервју во кое, меѓу другото, се осврна и на своето косовско потекло.

Vogue“ во написот истакна дека пејачката чувствува голема поврзаност со родното место на нејзините предци, а напишале и дека таму во последните години од минатиот век се случувале големи судири.

„Нејзините родители, Дукаѓин и Анеса, избегаа од Приштина во 1992 година, бегајќи од насилството, во егзодусот во кој околу милион Албанци избегаа од регионот поради систематскиот прогон на етничкото мнозинство во Косово од страна на Слободан Милошевиќ“, напишаа тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

„Тие веруваа во мене кога никој друг не веруваше“

Од Косово, како што вели Дуа Липа, таа со семејството се преселила кога имала 11 години. Преку ноќ, како што вели во „Vogue“, „од девојка Албанка која сака да ја викаат „Амбер“ за да звучи повеќе англиски, таа стана англиска девојка која зборува албански со нагласок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

„Кога ги слушнав приказните на пријателите на тетка ми и баба ми за тоа како ги изгубиле татковците и браќата, како ги одвлекле од нивниот дом во Косово, тие работи длабоко ме потресоа“, се присетува пејачката.

 

„Дуа, чие име на албански значи „љубов“, се истакнува не само по својот физички изглед, туку и по начинот на кој реши да го искористи влијанието што го има како ѕвезда“, напиша од „Vogue“ истакнувајќи дека таа и покрај нејзината „доминација на скалилата“, не е компетитивна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)


Тоа пак, како што пишува „Vogue“ го припишуваат на нејзината блиска врска со косовската заедница:

„Ми дадоа толку многу. Веруваа во мене кога никој друг не веруваше. Затоа јас, ако веќе можам, сакам да им помогнам на тие луѓе”, изјавила пејачката, која истакна дека секогаш е „на страната на потчинетите“, што се гледа и преку нејзиното залагање за правата на бегалците, ЛГБТК+ правата и еднаквоста на сите раси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот