Дуа Липа до Албанците во САД: Гласајте за Бајден, беше со Косово (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Британската пејачка со потекло од Косово и Метохија, Дуа Липа ги повика Албанците од САД на престојните претседателски избори да гласаат за кандидатот на демократите Џо Бајден.

На видео снимката на Фејсбук страницата на албанската заедница во САД „Албанските Американци за Џо Бајден“ таа испрати јасна политичка порака.

„Бајден беше покрај нас кога Косово се соочуваше со хуманитарна катастрофа“, рече Дуа Липа.

„Вашиот глас никогаш не беше јак. Џо Бајден беше покрај нас кога Косово се соочуваше со хуманитарна катастрофа. Неговата верба и вербата на Камала Харис во демократијата и меѓународните институции е она што денеска му е потребно на САД и на целиот свет“, истакна пејачката.

Вчера Бајден доби поддршка и од познатата шведска активистка против климатски промени Грета Тунберг.

Грета Тунберг му даде поддршка на Бајден на изборите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот