ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за утврдување на причината за смртта на велешкиот пациент

Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор за утврдување на причината за смртта на велешкиот пациент.

Според информациите добиени од Општата болница во Велес, посочуваат од Министерството, на 31 март околу 16 часот од страна на дежурниот лекар на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес бил прегледан пациент на 78-годишна возраст – донесен како итен случај со возило на Итната медицинска помош, бидејќи имал претходно закажан термин од матичен лекар во 19:20 часот.

Пациентот бил болен четири до пет дена пред прегледот со зголемена телесна температура и кашлица со искашлување на секрет, лекуван од матичен лекар со антибиотик – парацетамол и витамини. Роднините негирале епидемиолошка поврзаност со контакти сомнителни или заболени од коронавирусна инфекција. На денот на прегледот фамилијата забележала кај пациентот розеникав по боја искашлок и побарале да му биде земен брис од страна на епидемиолошката служба и да биде прегледан неколку часови порано од веќе закажаниот термин. Во моментот на преглед, пациентот бил без температура, во стабилна општа состојба со бронхитичен наод на бели дробови, поради што му е ординирана антибиотска терапија, бронходилататорна, експекторанс, витамини и даден совет за домашна изолација, како и контрола на резултатот од земениот брис. Се било уредно евидентирано – со документација, а проценка на докторот е според симптоматологијата како да постапи. Земена е епидемиолошка анамнеза и од неговата ќерка, информираат од Министерството.

Прочитајте и...  Развојот на вакцина од Универзитетот Оксфорд со половични изгледи за успех

Прочитај повеќе

Кој е посилен од државата?

Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Слободен печат

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези

Слободен печат

Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко за шести мандат

Слободен печат

Во Грција основните училишта и градинките се отвораат од 1 јуни

Слободен печат

Манчевски: Ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се слави во Чаир: Оро за време на полициски час? (ВИДЕО)

Слободен печат

Скоро пет и пол милиони лица заразени со Ковид-19

Слободен печат

Земјотрес го погоди Иран, најмалку 6 лица повредени

Слободен печат

Јовески: Поради новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат

Слободен печат

Најмалку 107 лица заразени со коронавирус на миса во Франкфурт

Слободен печат

Драма во Сараево: Мечка се бори за својот живот, едно младенче е фатено, другото се уште се бара (ВИДЕО)

Слободен печат