ДСЗИ со одлука го запира извршувањето на решенијата за самоизолација и карантин

Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера донесе одлука со која се запира извршувањето на сите решенија донесени од овој орган во периодот од 13 до 25 јуни 2020 за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во РСМ со негативен PCR тест на Covid-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен PCR тест на Covid-19, а спроведените дејствија по решенијата се поништуваат.

– Во врска со барањето на Главниот координативен кризен штаб доставено до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за престанок на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен PCR тест на COVID 19, се информира јавноста дека од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 25 јуни 2020 согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Сл.весник на РСМ бр. 124/15 и 65/18) донесена е Одлука со која се запира извршувањето на сите решенија донесени од овој орган во периодот од 13 јуни 2020 до 25 јуни 2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во РСМ со негативен PCR тест на Covid-19 и потпишана изјава како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен PCR тест на Covid-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок /среден ризик за Covid-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат, соопшти денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во Слободен печат во текот на два последователни дена почнувајќи од 26 јуни 2020 година, а потоа и еднократно во „Службен весник на Република Северна Македонија”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот