ДС поднесе предлог за измени на Изборниот законик: Македонија да биде една изборна единица и да нема изборен праг

Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз (ДС), ги достави предлог измените на Изборниот Законик за на мислење до сите пратеници, со цел да можат да се искажат свои ставови и сугестии по истите.

Со нив се предлага Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел, да нема изборен праг и пресметката за избор на пратеници да се одвива со Донтовиот количник.

– Со измените се очекува составот на Парламентот да биде реален одраз на определбата на граѓаните, да се зајакне владеење на правото, да се развиваат демократските процеси и создадат услови за системски промени во државата. Врз основа на досегашните консултации, поголемиот број од партиите се за Македонија да биде една изборна единица (останува и можност тројца пратеници да бидат нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг и сл., се вели во соопштението на ДС

По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот Законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот