„ДС Колектив“ со двојна промоција: Албум и видеоспот за „Повторно замина“ (ВИДЕО)

Фото: Приватна архива

Веќе познат звук, во ново пакување, овој пат во албум издание на „ДС Колектив“. „Јас сум, Ние сме“ е насловот на албумот кој вчера премиерно беше промовиран во познато скопско кафуле.

„Модерно“, „различно“ и со „квалитетен звук“ – вакви беа коментарите за спотот и песната на “Повторно замина” во соработка со Раде Кекеновски и Елена Васова кој исто така ја доби својата премиера.

Уметници, пејачи, новинари и пријатели беа дел од вчерашната атмосфера на која Стефан Сајковски од „ДС Колектив“ се заблагодари на сите кои го поддржуваат и кои како што тој вели му помогнале да го заврши своето првенче.

– Би сакал да кажам дека ќе одморам, ама веќе од утре сме на снимање на нов спот. Имавме бурен период им благодарам на „The Media“, на Кристиан Шемко, на Елена, Раде, Матеј, Елени.. и сите оние кои што се наоѓаат на овој албум и на сите кои што придонесоа за сето ова да се случи – изјави Стефан.

Во продолжение погледнете го видео записот за “Повторно замина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот