Државо! Aко немаш став, Жбогар ќе ти го стави!

агим јонуз

Има ли поголема бламажа од она што Жбогар го рече, а се однесува на сите нас? Ние сме сите едно ријалити шоу, а доколку го преведам тоа на јазикот од моето маало, таа фраза би била „а бе вие сте се мајмун до мајмун‘‘! Тешки пациенти! Никој не спомнува тука ни криминалци, ни суетници, ниту пак педери, него експлицитно не спореди со „Сораја“ старлетата која у ријалити шоуто покажува колкава може да биде диспропорцијата меѓу мозокот и газот.

Најстрашното што меѓу редови требаше да го проголтаме е самата помисла дека ако Боки Тредичи беше исто учесник во такво шоу, по автоматизам меѓу зборовите на Жбогар може да ја прочитаме пораката дека СИТЕ СМЕ БОКИ! И тоа не тредичи него „чинкведичи“!  Па ти што би рекол народ „да се е*еш“, не можеш да побегнеш од вистината“.

ШТО ВРЕЃАШ БЕ АЈВАН ЕДЕН! НИЕ СМЕ БИЛЕ БОКИ! … е па друже мој „с ‘ким си, такав си“!

Во пресет на очекуваниот датум за преговори со ЕУ, таква една изустена реч од таков еден човек, на таква позиција не може да биде ништо друго освет една „жешка мацола“ (чврга) како последно предупредување дека сме кретени кои својата слика ја сакаат толку што и у клозет си ја бесат за да мочањето биде „импресивно“. Зошто се лутиме кога некој ќе ни рече дека сме „зорле држава“ , а не се погледаме у огледало и не признаеме дека не да сме зорле, него сме тешка опстипација после прејадено гравче.

МРШ БЕ КРЕТЕН, КОЈ ТЕ ПУШТИ ДА ПИШУВАШ КОЛУМНИ!?… А, што те заболе тебе! Не читај!

Македонскиот демос е заробеник на сопствениот акал и на сопствената зеленост да гради држава. Обичниот граѓанин е заробеник на сопствените херои, кои „за татковината“ ги приватизираа сите големи фирми, и станаа аргати на сопственото гумно плашејќи се да им се спротивстават на своите кметови со кои до вчера заедно ручаа на нива врз белото чаршафче што Ленка го донела со баницата, пред да оди на налани „тутун да реди в‘ монопол“!

Народот нема право да има став! Остај ти демократија – мемократија. Не смее да има став затоа што ако го има, ќе го „попуши“ токму од својот кмет кој ќе ги осфрли како куфер на улица и ќе го остави без работа. Македонскиот демос е заробеник на неколку тајкуни, кои спонзорирајќи ја државата (читај политиката) создадоа една фантастично функционална платформа која има пирамидален карактер.

А БЕ ТИ ДА НЕ СИ МАСОН?! ШТО ТИ МЕНЕ ПИРАМИДИ – МИРАМИДИ?… А, што тебе те заболе?!

На дното на пирамидата е народот кој е купен со вработувања, со услуги, со се она што може да му го отвори „шупчето“. Тука истовремено е и онаа несреќна маса која нема избор и во тоа ја гледа единствената шанса да не цркне за леб. Третата категорија е онаа која прехранета со национал романтистичката пропаганда е интоксицирана со тежок моронизам со дијагноза која вели дека им нема спас, па таман и Ангела Меркер да ни е Премиер.

Погоре, втората „дирлада“ е онаа во државната администрација која консеквентно на првата во себе носи долг кон оној што го гласал, наместо тој што е изгласан да е должник кон нив. По небулозна комбинаторика и пропорција нема ни ту Руанда! Полтронизам, клиентелизам, заслепеност со задоволство што може да сврти телефон и да заврши некоја работа, за да на жена му дома и покаже дека „еве жено, фамилијо, јас сум успешен човек“. Тоа е таа категорија која е среќна со податокот дека не се зазајмила пари за да оди до Грција 10 дена на одмор. ДА, да!

О, „КОЊУ ЈЕДАН“ КАКВА ВРСКА ИМА ДРЖАВАТА СО ТОА?! … читај и не мрчи!

Тука лежи зајакот! На врвот на пирамидата се оние кои ја контролираат претходно опишаната боранија. И кога тие меѓу себе нема да се слагаат, наебуе се живо што шета по ова тло македонско. Со отворени газови за се повеќе и повеќе, ја создаваат кичмата на државата во која си прават „Камасутра“ со се што е писмено и неписмено.

А КАКО ИМ ДОЗВОЉАВА ДРЖАВАТА?!… ШТО КЕЊАШ БЕ АЛОО! .. Ма не кењам ја ништо! Читај!

Нема они што да се плашат од државата и да ја прашуваат. Државата им е веќе приватна сопственост. Земи направи анализа, удри математика која маса население држат под контрола која им е на платен список и се ќе ти стане јасно. А тие филмовите „држ‘те лоповаа“, се за да уживаме во довербата дека нешто државата прави за оној што останал да руча Ленкина баница врз бело чаршафче. Ти текнуе! А за приказната држ‘те лопова у мое маало викаат  „тури и к*рот“!

ТРЕБА ЛИ ДА ТИ ЦРТАМ БЕ ВОЛ!

А КАКВА ВРСКА ИМА СТАВОТ, СТАВАЊЕТО, ТАШАЦИ, ГРАШАЦИ?… Еве каква!

На оној најдоле ставот му го крои празниот желудец, на оној погоре позицијата, а на оној најгоре му го крои – опозицијата! ЗАТВОРЕН КРУГ!

А ЖБОГАР КАКВА ВРСКА ИМА У КОЛУМНАВА?

Е „ту сам те чекао“! На сите нив Жбогар им вика :

ЗАЗЕМЕТЕ ВЕДНАШ СТАВ, ДА НЕ ВИ СТАВАМ ЈАС СТАВ! СИТЕ СТЕ ВИЕ У СУШТИНА БОКИ! А АКО ВИЕ НЕ ЗАЗЕМЕТЕ ВЕДНАШ СТАВ, ЈА СТАВОТ ШТО ЌЕ ВИ ГО СТАВАМ СТЕ НАЕБАЛЕ!

И така, Македонија во меѓувреме си е вечна, народот си клати ташаци и чека некој друг да му ги реши проблемите кои се од историски карактер. Кубурата на појас, ‘‘за тешки времиња‘‘ ( К-15).

Зини земјо голтни ме!

За две пива и цигара „за на уфце“ – толку!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот