Државниот завод за ревизија ќе влезе во Специјалното јавно обвинителство

Фото: Принтскрин

Државниот завод за ревизија влегува во Специјалното јавното обвинителство. До ревизорите биле испратени неколку анонимни писма од обвинители и вработени во кои се жалат на начинот на кој се делеле предметите, но и надоместоците кои ги добивале обвинителите, пренесува 24 вести. 

Контролата веќе била планирана како дел од тематската ревизија за годинава, да бидат проверени сите обвинителства, судови и правосудството, па не било проблем да се вметне и оваа контрола на СЈО. Ревизорите се воздржани од давање детали што точно ќе бараат кај Специјалното обвинителство.

– „Сега не можеме да кажеме што ќе гледаме зашто се работи за тематска ревизија со различни теми. За тоа одлучуваат нашите ревизори по првичната анализа. Некаде ќе ги гледаме човечките ресурси, некаде финансискиот дел, некаде делење на предметите. И да ги видиме капацитетите на судство, правосудството, обвинителството и Народниот правобранител“. – Насер Адеми, заменик државен ревизор.

Ревизорите деновиве со писмо ќе се најават во СЈО, како и кај сите други обвинителства, но се воздржани од тоа што може да ги очекува таму, со оглед на тоа што институцијата остана и без обвинители и без прв човек.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот