Државниот врв на гости кај г.г. Стефан – посакале успешни евроинтеграции

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на приемот, што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.

На божиќната трпеза, соопштија од Кабинетот на Џафери, присуствуваше државниот врв, односно претседателот на државата, Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Зоран Заев.

-Приемот се одвиваше под строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 и затоа беше без присуство на медиуми. На приемот, Џафери, како и другите поканети, заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница во државава, заедно посакаа во Новата 2021 година, да има подобро здравје за сите граѓани, личен и колективен напредок, мир, благосостојба и успешно надминување на пречките кои се испречуваат на евроинтеграцискиот пат на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот