Државниот врв е оптимистичен: По изборите во Бугарија постојат добри шанси за изнаоѓање решение меѓу двете земји

Зоран Заев и Румен Радев / Фото: Архива на „Слободен печат“

Државниот врв е оптимистичен дека по завршување на изборите во Бугарија и во нашата држава, постојат добри шанси за изнаоѓање на заедничко решение меѓу двете земји.

Премиерот Зоран Заев смета дека само со разговор и дијалог може да се изнајдат решенија, а според претседателот Стево Пендаровски, тоа треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка. Претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан пак, се очекува да биде мотивација за затворање на отворените теми и отворање на ново поглавје на соработка.

Според премиерот Заев, по завршување на изборите кај нас и во Бугарија, постојат добри шанси за изнаоѓање на заедничко решение.

– Тие да не разберат нам, ние да ги разбереме нив и верувам дека низ едни такви разговори, низ дијалог, низ убава дипломатија, низ пријателство и подадена рака ќе го потврдуваме добрососедството, пријателството и соработката со Бугарија кое е означено со Договорот од 2017 година, но во пракса исто така тоа мораме да го гледаме секојдневно кај нас, потенцираше вчера Заев.

Извор: МИА

Димитров до Захариева: Нема ниту еден приговор за дискриминација по бугарска етничка основа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот