Државниот пазарен инспекторат се уште без наследник на Пауновски

Откако го разреши Стојко Пауновски, Владата сè уште не назначила вршител на должноста директор на Државен пазарен инспекторат, потврдуват од Влада за Слободен печат.

– На последната редовна седница, Владата на дневен ред немаше назначувања, не беше назначен вршител на должноста директор на инстутуцијата за која прашувате – изјави за Слободен печат, портпаролот на Владата Мухамед Хоџа.

Во меѓувреме, на веб-страницата на Државниот пазарен инспекторат се уште стои дека Пауновски е директор на оваа институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот