Државниот и воен врв на Криволак со високи гости: Македонија фактор на стабилност во регионот и извозник на безбедност

Ден за високи гости на воената вежба „Одлучен удар 21“ на армискиот полигон Криволак, која претставува најголема национална вежба организирана на територијата на Република Северна Македонија.

Пред почетокот на вежбата се обратија премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на командантот на ВС на САД за Европа и Африка, бригадниот генерал Џед Шаертл и  директорот на вежбата, полковник Блаже Николовски, при што ја истакнаа довербата помеѓу земјите членки на НАТО и испратија порака за мир и стабилност во регионот.

– Благодарение на еден отворен пристап, со кој се реализираа Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, денеска Македонија е полноправна членка на НАТО. За постигнување на оваа цел беа потребни храбри одлуки и одважност. Нашата држава стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност. Членството на земјава во НАТО ја редифинираше нашата улога на меѓународната безбедносна арена и ги зацементиравме основите за зголемена стабилност и просперитет на нашата држава, истана премиерот Заев.

Заменик командантот на ВС на САД, Џед Шаертл истакна дека овој настан ја гради взаемната доверба помеѓу земјите и ги обединува националните партнери на НАТО.

-Ваквите настани ни покажуваат дека можеме да планираме, комуницираме, да работиме заедно и ако дојде време да ги браниме заедно националните суверенитети на НАТО, истакна Шаертл.

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска вели дека вежбата „Одлучен удар 21“ покажува дека членството на НАТО не е само формално достигнување. Таа истакна дека се зацврстува довербата помеѓу САД, нашата земја и нејзините соседи, Република Бугарија и Република Грција и порача дека претставниците на армиите се пример како треба да работат и политичарите на соседните земји. Членството во НАТО Алијансата не е само формално достигнување кое ќе го запишеме на хартија, туку секојдневна практична работа, секојдневно вежбање и војување. Армиите на САД, Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Грција изминативе 14 дена покажаа дека дејствуваат како едно, истакна Шеќеринска.

Претседателот Стево Пендаровски и врховен командат на Армијата свое обраќање ќе има по завршувањето на вежбата на полигонот Криволак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот