Државната дума го одобри приклучувањето на окупираните украински региони кон Русија

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Долниот дом на рускиот парламент ги одобри законите за приклучување на четирите окупирани украински територии кон Русија, по референдумите кои Украина и Западот ги осудија како принудни и нелегитимни, јави Ројтерс.

Ниту еден пратеник во Државната дума не гласаше против резолуциите, со кои се бараше формално да се вклучат украинските региони Херсон, Доњецк, Луганск и Запорожје во Русија.

„Одлуката е донесена едногласно. Во Руската Федерација има 89 ентитети“, објави претседателот на парламентот Вјачеслав Володин на Телеграм.

Говорејќи веднаш по гласањето, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров им честиташе на претставниците од четирите региони и рече дека е уверен и горниот дом на парламентот ќе ги одобри мерките.

Не се очекува никакво противење на резолуциите ниту во Думата, ниту во Горниот дом, Советот на Федерацијата.

Русија започна формален процес на анексија на четирите украински територии минатата недела, но ниту една не е целосно под контрола на нејзините сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот