Државна помош добија и милион починати Американци, по грешка на системот во Финансии

Грешката во Министерството за финансии и даночната служба се должи на користењето на постапката за итни случаи, како и поради застарените филтри во базите на податоци. 

Американското Министерство за финансии по грешка испратило чекови со државна помош на адресите на повеќе од милион мртви Американци, откриваат набљудувачите во Конгресот, пишува „Вашингтон пост”.

Оваа вест е потврдена и од Државната агенција за надзор (ГАО).

Вкупната сума на пари што се испратени на адресите на веќе починатите е речиси 1,4 милијарда долари, соопшти државната агенција за надзор (ГАО).

„Вашингтон пост” претходно информира дека Министерството за финансии и даночната служба по грешка испраќале чекови од 1.200 американски долари на адресите на неколку лица кои починале, но во тоа време се уште не бил познат степенот на грешката.

Оваа грешка може да одврати некои републикански кругови да ја поддржат иницијативата на претседателот Трамп и неговата администрација за обезбедување дополнителна помош за граѓаните погодени од епидемијата на коронавирус.

Во својот извештај, ГАО посочува дека грешката во Министерството за финансии и даночната служба се должи на користењето на постапката за итни случаи, како и поради застарените филтри во базите на податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот