Државата турира у место ко сељак на семафор

За триесетина години, никој не успеал да создаде Кула Вавилонска а да на некого не му паднала цигла на глава, некој да не скршил нога или да пресекол прст. Па дури и кога ке купиш нова кола, па мајсторите викаат ‘‘ немој многу да ја газиш‘‘ зашто треба да се развози малку. Најдобро ауто е она кое ке помине едно 20-30 иљади . После,.. иди тркај се! Не биди ‘‘вол у купус‘‘!

До кога ке ја ‘‘развозуеме‘‘ државата?

Структурелно, си направивме државичка, ама само државичка. И тука почнавме наместо да даваме ‘‘фул гас‘‘ да ја функционализираме и да ги разработиме вентилите, ние почнавме да турираме на место како сељачааната на семафор кои вчера купиле БМВ. ( не реков мотор, кола). И така, наместо држава чиј колорит се впива се повеќе во градите на обичниот човек, создадовме Холдинг претпријатие во рацете на неколку тајкуни кои диктираат ‘‘која чорапа на која нога иде‘‘, и тоа се во име на светлата иднина на државата. Ма, ги заболе нив ‘‘ташак‘‘, да простите. Секако, одиме некакао напред, ама наместо да создадеме стереотип на современ македонски граѓанин кој по ништо не заостанува зад некого од Германските племиља, од Алеманите, Келтите или Викинзите ( а се повикуваме на Аца Велики како корен), создадовме феномен на Криминалци, Суетни новинари и ( цитирам де) Педери!

Ајмо тазе анализа на ‘‘од трите подугачкото‘‘ ( мислам, кое е најстрашно од трите , де)!

‘‘прво од трите‘‘

Едно време се употребуваше една фраза ‘‘ контраверзен бизнисмен‘‘ за оној за кој постоеја сомнежи дека работи вон законот. Институциите се правеа толку ќорави и глупави, што механизмот на „прај си ти пари ама фрли некоја коска‘‘ се доведе до совршенство. Во Македонија НЕМА човек што направил пари од плата или приватизирал нешто затоа што му е ‘‘чачино‘‘, или пак изградил империја затоа што вујко му е лично ‘‘Шахот Реза Пахлави‘‘ , па му пуштил пари од нафтата да испокупуе се у земјава. Довчерашни ( минатиот систем) обични ‘‘главучи‘‘ по фирмите станаа сопственици на гигантите во кои до вчера нивните татковци добиваа ‘‘ полутки преку синдикат‘‘, а сега се строго на ‘‘лосос ради здрава исхрана‘‘! Кој кого ј*ебе у мозак бре!

И затоа, еве едно директно прашање до премиерот, онака ‘‘ачик без длаке на језику‘‘!

Господине Премиер, ( не реков… а бе Зоки), кога велиш ‘‘мала група криминалци‘‘, ке те прашам ( ама не ме мотај биди искрен),.. ДАЛИ ДО СЕГА БИЛО КОЈ ЗА БИЛО ШТО ОДГОВАРАЛ И БИЛ КАЗНЕТ, освен ‘‘курбанот Велија А1 и понекоја ситна боранија колко да се каже дека ‘‘апси државата лопови’’!? Зашто бре не покажеш муда ко што си ги декларираш и речеш МАСА КРИМИНАЛЦИ? Зашто бре не излезеш и речеш цела држава ја држат у руку криминалци? Не можеш! Немаш докази! Се е добро измаскирано, ставено по фиоки па запалено, ‘‘ прохујало са вихором‘‘ преку судски платени газови, а сето тоа ‘‘фино – лепо‘‘ претставено пред народот како ‘‘се е во ред, државата држи се под контрола‘‘! Држи што?! – СТОЈКО! Биди бре искрен! Ќе те сакаат поише, жими мајка! Барем оние што стојат пред самопослуга и бројат ситни пари за леб.

Затоа би те прашал, мислиш ти да праиш некакви ‘‘ сабји-мабји, секири, буздовани‘‘ ко у Србија или се ке биде ‘‘ а бе они биле поштени, ама ние не сме знаеле‘‘! Тоа ко на деца кои не знаат како се остануе труден, им продааш приказна демек, ‘‘ Да! Невестата е малку трудна, ама невина е‘‘! Верувајте ми ! PASHA ZOTIN!… “CRKO’ AKO LAZEM”! Е мој Зоки, фати си тоа моторот ( викни ме и ја возам) па заеби се, или иди до крај, па во историските читанки нека има еден РЕАЛЕН ХЕРОЈ,.. кој не оставил печат, туку го ИЗГРАВИРАЛ своето име – ЗА МАКЕДОНИЈА!

‘‘второ од трите‘‘ / идемо даље, де.

Ретко кој обичен човек на улица знае што е тоа механизам на градење јавно мнение. Откако се уништи систематски државното јавно гласило, се прејде на ‘‘моите новинари ке ти кажат ‘‘. Колку и да звучи парадоксално, јас можам ЛАТАС само да го поздравам и да му речам Лаки ти барем искрен беше. Рече ‘‘ јас сум професионалец кој работи за пари‘‘! Крај приче! Дали се слагаме, не е сеа момент. Независното новинарство кај нас е ‘‘причам ти причу где говеда ричу‘‘! Во прво споменатите од горниот пасус една маса од нив си создаде ‘‘свои независни‘‘! Ги товеа и хранеа ‘‘ко вошка у мрсна коса‘‘ новинарите кои независно создаваа јавно мнение по порачка. По порачка?!?! Да, даа!.. зашто ако беа стварно независни одамна ке го поставеа прашањето што јас му го поставив на премиерот во првиот пасус од ‘‘ трите убавото‘‘! Ви текнуе?

И ТАКА, КОГА КЕ СЕ ПОЧУВСТВУВААТ НЕЗАВИСНИТЕ НОВИНАРИ ДЕКА СЕ САМО ‘‘ ПАЛОМА ОД СТО ЛИСТА‘‘, рипаат и викаат ‘‘ а бе знаеш ли кој сум ја бе! Знам! Ти си ‘‘курац од овце‘‘!

ДАЛИ ВИ ТРЕБА IQ = 140 за да разберете дека не се работи за ничии суети, туку се работи за сечење извори на пари, за статус, за симињање од облаци, за армагедон на поединии личности од светот на новинарството кои некој ги натерал да мислат дека се богови! Се извинувам за фразава ама, ја не би бил ја ако не треснам и речам ‘’ јебо вас тај ко вас изгради новинари‘‘! Вие сте само ДОБРИ занаетчии кои и тоа како знаете дека во МАкеонија има СЛОБОДНИ МИСЛИТЕЛИ, ама слободни и независни новинари – ЈОК! Па се викал ти Перо, Леро, ти си само ‘‘ сваки град уз наше море има свога Лера‘‘… ( Дубровачки Трубадури ).

‘‘трето од трите‘‘ ( дај Вазелин)..

Третово е ‘‘најдугачкото‘‘ ( од трите, нели)! Ама пошто немам такво искуство, ке си се повлечам. Сметајте слободно дека сум глуп, заостанат и дека не сум ‘‘INN “. Само ке потсетам дека светот на бизнисот, парите, медиумите, спектаклите, е симболично речено ‘‘The road to Hell” ( Chris Rea).

А ИЗБОРОТ Е ТВОЈ ДАЛИ КЕ ПАТУВАШ ВО РОЗЕВА ТАНГА НА ВЛАКНЕСТ ГАЗ,.. ИЛИ У БОКСЕРКИ!

..а како вика Лаки, ‘‘плати ме бе, ке те фалам тебе‘‘! ПОШТЕНО! Ако ништо друго,.. ПОШТЕНО!

За тие пари толку,.. ( транге – франге)! Независно новинаство бе!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот