Државата пикна прсти и во љубовта: Иран со апликација за запознавање потенцијални партнери

иран
ФОТО: Unsplash

Иран претставил исламистичка апликација за запознавање на потенцијални партнери, која е санкционирана од државата, чија цел е да фасилитира „траен и информиран брак“ за младото население, објавила државната телевизија, а пренесува „The Guardian“.

Наречена „Хадам“ – ​​збор на фарси јазикот кој значи „придружник“, апликацијата им овозможува на корисниците „да бараат и да го изберат својот сопружник“.

Ова е единствената државно санкционирана платформа од ваков вид во исламската република. Додека апликациите за запознавање на потенцијални партнери биле популарни во Иран, сите други платформи освен „Хадам“ биле нелегални, според началникот на интернет полицискиот сектор Раџаби.

иран pixabay

„Семејството е мета на ѓаволот и [непријателите на Иран] бараат да ги наметнат сопствените идеи“, рекол Комеил Хојастех, додавајќи дека апликацијата помага да се создадат „здрави“ семејства.

Според веб-страницата на Хадам, корисниците треба да го потврдат својот идентитет и да поминат низ „психолошки тест“ пред да можат да пребаруваат. Кога ќе се случела спојката, апликацијата „ги запознава семејствата заедно со присуство на услужни консултанти“, кои ќе ја „придружуваат“ двојката четири години по бракот.

Регистрацијата е бесплатна, бидејќи „Хадам“ има „независен модел на приход“, се вели на веб-страницата без детално објаснување.

иран

Во март, парламентот доминиран од конзервативците во Иран усвоил предлог-закон кој ја задолжува владата да понуди значителни финансиски стимулации за брак и да ги охрабри луѓето да имаат повеќе од две деца, истовремено ограничувајќи го пристапот до абортус. Законот чека одобрување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот