Државата Оклахома со ултиматум за НБА тимот: Доколку клечат на интонирање на химната ќе плаќаат поголем данок

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

На властите на Оклахома не им се допаѓа тоа што комплетниот тим се вклучи во борбата против расната нееднаквост.

Владата на американската држава Оклахома му се закани на НБА тимот Оклахома сити тандерс дека ќе ја преиспита одлуката за даночни олеснувања за клубот бидејќи кошаркарите и тренерите иако беа предупредени да не го прават тоа, клечеа при интонирање на американската химна пред натпреварот со Јута.

Властите во Оклахома сметаат дека тој гест е „анто-патриотски“ и дека со него е искажано непочитување кон американската застава.
Поради тоа сенаторот од Оклахома, Шон Роберт му порача на тимот дека ќе ја преиспита одлуката тандерс да има одредени,а не мали даночни олеснувања.

– Доколку челниците на Оклахома сити тандерс и играчите се приклучат на трендот во НБА лигата така што ќе клеќат за време на интонирање на американската химна, можеби ние треба да ги преиспираме даночните олеснувања кои државата Оклахома му ги гарантираше на НБА тимот кога пристигна во овој град – порача Робертс.

Оклахома сити тандерс од 2008 година игра во овој град откако тимот се пресели од Сиетл.
– Само да потсетам дека НБА тимот има договор со нашата држава до 2024 година и дотогаш има договор и за даночни олеснувања – предупредува Робертс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот