Државата денеска ќе испрати одговор на 60 страници до судот во Стразбур за помилувањата од поранешниот претседател Иванов

Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Одговор на повеќе од 60 страници и доказен материјал од илјадници страници ќе биде испратен во текот на денот до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали и каков одговор испратила државата до судот во Стразбур во врска со помилувањата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

По поднесување на одговорот, посочи Маричиќ, судот предвидува тој да биде испратен на противничката страна да се произнесе по него, по што ние ќе имаме можност за повторно да се произнесеме, пред судот да постапува по него.

– Во овој момент не би кажал ништо повеќе. Навистина интензивно се работеше на подготовка на овој одговор со сериозен стручен правен тим со експерти од дома и странство, кои мислам дека го извлекоа максимумот и можам да кажам дека со мирна совест го проследуваме одговорот денеска, изјави Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Конференцијата за ефикасност на работата на судиите и судската администрација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот