Државата дала 21 милион евра помош на компаниите во зоните

Минатата година државата на компаниите во индустриско-технолошките зони им дала помош од 21 милион евра. Но, од друга страна овие компании врз основа на даноци и придонеси во државната каса вложиле повеќе од 39 милиони евра.

– Ова се пари што се потребни за пензии, јавно здравство, образование, инфраструктура. Веќе работиме на посебни механизми за поттик на инвеститорите што побрзо да ја искористат помошта и да почнат да уплаќаат повеќе пари во државниот буџет. Поддршката на државата на инвеститорите е и поддршка на десетици илјади наши сограѓани низ целата земја – рече директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски на презентација за работењето на компаниите во овие зони.

Во зоните има 14.000 вработени, а тие имаат обврска за уште 7.500 вработувања. Просечната бруто плата на вработените во ТИРЗ-те во 2020 изнесувала 37.658 денари, а во нето износ таа е за 1,8 проценти поголема отколку во 2019 година, со тенденција да се зголемува и да биде повисока од просекот на државата.

– Тоа ќе се постигне најмногу ако се привлекуваат поголем број на компании од сектори со поголема додадена вредност, како фармацевтскиот, на пример, и други слични инвестиции кои се во најава. Се разговара и за менување на критериумите за државната помош на компаниите во зоните, зависно од дејноста на која припаѓаат и бројот на вработените – рече Деспотовски.

Компаниите во зоните оствариле вкупна добивка од 65 милиони евра и таа е за 40 отсто помала отколку во 2019 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот