Започна реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошка градина Скопје

Утринава, влегоа камиони на градежната фирма „АД Карпош“ кои ќе работат на реконструкција на внатрешното живеалиште на жирафите.

35

Со реконструкција на живеалиштето на жирафите започна проектот за реновирање и реконструкција во Зоолошка градина Скопје.

Утринава, влегоа камиони на градежната фирма „АД Карпош“ кои ќе работат на реконструкција на внатрешното живеалиште на жирафите. Реновирањето пред зимскиот период е донација од оваа градежна фирма.

– Ќе се реконструира живеалиште по живеалиште секаде каде што има потреба. Реновирањето на живеалиштата на животните е една од главните точки на проектот „Европска Зоолошка“ – изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.