Запалена сува трева ги исплаши жителите на Ѓорче Петров

Според првичните сознанија на скопската полиција, станувало збор за запалена сува трева на приватно земјиште, а чадот и реата ги вознемирило граѓаните, кои помислиле дека гори станбен објект. За случајот била алармирана и локалната противпожарна служба.

102
Денеска околу 17 часот се запалила сува трева во близина на фудбалскиот стадиот во скопската населба Ѓорче Петров. Според првичните сознанија на скопската полиција, станувало збор за запалена сува трева на приватно земјиште, а чадот и реата ги вознемирило граѓаните, кои помислиле дека гори станбен објект. За случајот била алармирана и локалната противпожарна служба.