Забавен викенд во Зоолошка градина – подароци и детска престава за најмалите посетители

По повод почетокот на новата училишна година, Зоолошка градина Скопје подготви многу изненадувања за најмалите посетители.

43

По повод почетокот на новата училишна година, Зоолошка градина Скопје подготви многу изненадувања за најмалите посетители.

Во сабота од 12:00-14:00 секое детенце ќе добие по еден подарок од најпознатиот бренд на лижавчиња, а маскотата кенгур ќе дели и мали слатки задоволства.

„Orange kids club” подготвува „Back to school” забава каде ќе ги анимира најмладите посетители со бесплатен курс по танц, караоке, кловн и принцези, ваучери со попусти и уште многу интересни содржини.

Во недела, со почеток во 12:00 ќе се одигра детската претстава „Принцот жаба“ во изведба на театарот „Крик“. Влезот за театарската претстава е бесплатен и ќе може да ја погледнат сите посетители во Зоолошката.

Инаку, ова лето Зоолошка градина Скопје бележи рекорди во посетеност. Неделно има и по 11 000 посетители, што е дупло повеќе во однос на минатото лето со што Зоолошката е најпосетената установа во Македонија.