ВИДЕО: Дете-талент од Тетово, пеејќи и за Адем Јашари и УЧК доби субвенција од Министерство за култура

3748

„Виган Максути е албанскиот талент од Тетово, кој со сигурни чекори оди кон успех. Тој е ветувачки талент, нова ѕвезда која почнува да свети. Од 2013 година како 7 годишен ученик учествува на детскиот фестивал Блејат, каде што ја освоил третата награда со песната Мојата баба“- е информацијата која може да се најде за ова веќе 12-годишно момче од Тетово, објавува Ако.мк.

Во 2014 година за него е направен првиот видео запис во замокот Селра, за песната со наслов „Гулаб на слободата”. Во 2015 година, ја освоил втората награда на Детскиот фестивал со песната „Со песни што ќе кажам”.

За него има повеќе видео записи со детски песнички, но и еден ваков запис, во кој малиот Виган е облечен во маскирна униформа на УЧК и пее песна каде се величи делото на командантот на некогаш паравоена УЧК-Адем Јашари.

Здружението Виган, за проектот што го носи истоимениот наслов како песната „Гулаб на слободата“, побарало од Министерство за култура 200.000 денари, но комисијата која одлучувала, решила да им додели повеќе – 300.000 денари, што е исто така невообичаено, бидејќи во принцип речиси секогаш се доделуваат помалку пари од бараното.

Според ова што може да се види, проектот за кој се доделени државни пари е од областа на камерната музика.

Но, Виган од Тетово има добиено субвенција по уште една основа:

 Здружение за образование, култура и наука ВИГАН МГМ-Тетово  Солистички концерт на Виган Максути  Тетово-ЦК Иљо Антески Смок  490.000  300.000

 

Од Ако.мк побарале повеќе информации и објаснување од Министерство за култура, но не добиле.