Утврден новиот текст на Предлог – законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

На денешната редовна 72 седница Владата на Република Македонија го утврди новиот текст на Предлог – законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Целта на предложениот закон е негово усогласување со одредбите од 4-та ЕУ Директива за спречување на употребата на финансискиот систем за перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.

 

Согласно оваа директива, меѓу другото, се прецизираат и усогласуваат одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и се предвидува воспоставување на регистар на вистински сопственици во рамки на Централниот регистар на РМ. Со тоа се предвидува обврска за правните лица да поседуваат, чуваат и да ги впишат во регистарот на вистински сопственици податоците за нивните вистински сопственици, и се намалува износот на забраната за вршење на готовински плаќања од 15.000 евра на 2.000 евра.