Циклонот „Силвија“ го зафати Скопје

Од УХМР за МИА велат дека дува ветер со брзина од 65 километри на час. Неверемето засега е ограничено само на скопскиот регион.

Фото: Плусинфо

Скопје попладнево повторно е зафатено од силно невреме со пороен дожд, ветер и град. Циклонот е наречен „Силвија“.

Поплавени се сообраќајници, а дополнително ќе биде утврдено дали има материјална штета.

Од УХМР за МИА велат дека дува ветер со брзина од 65 километри на час. Неверемето засега е ограничено само на скопскиот регион.

Слично невреме во Скопје имаше и во саботата.  (MИA)