Три деца и тројца странски државјани на листата на загинати во авионската несреќа кај Москва

295

Руските власти за објавија листата на загинати во падот на авионот Ан-148, а меѓу нив се тројца тинејџери и тројца странци се меѓу жртвите на авионската несреќа што денеска се случи во близина на Москва, објави Раша тудеј.

Странците се државјанин на Швајцарија, на Азербејџан и на Казахстан.

На местото на падот на рускиот авион Ан-148 со 65 патници и шест члена на екипажот во близина на Москва беше пронајдена црна кутија, а иследниците испитуваат неколку теории за тоа што предизвикало авионот да се сруши.

Прерано е да се каже што ја предизвикало несреќата, а инспекторите велат дека сѐ уште се немаат фокусирано на една верзија на настаните.Остатоците од авионот и мртви тела се расфрлани низ широка област, а напорите за спасување се отежнати од снежните врнежи и силните ветришта што неделава го зафатија московскиот регион.

Авионот Ан-148 полетал кон градот Орск во Урал, во близина на руската граница со Казахстан во регионот Оренбург, и се урна во раните попладневни часови по локално време.

Рускиот министер за транспорт, Максим Соколов, потврди дека во несреќата нема преживеани.