Шилегов им врачи награди на најдобрите матуранти во главниот град

- Ви пожелувам срдечно добредојде на оваа средба која традиционално, веќе 11 година, ја организира Градот Скопје. Денеска наградуваме 27 млади сограѓани првенци од 22 средни училишта на Градот Скопје, а од следната година ќе ја имаме и првата генерација од матуранти од 23-тото средното училиште во Сарај, истакна Шилегов.

Градоначалникот Петре Шилегов денеска им додели признанија и парични награди на најдобрите 27 матуранти – првенци на генерацијата 2014-2018 и 2015-2018 година од 22 средни училишта во главниот град, во рамки на традиционалната манифестација  „Средба меѓу првиот и најдобрите“.

– Ви пожелувам срдечно добредојде на оваа средба која традиционално, веќе 11 година, ја организира Градот Скопје. Денеска наградуваме 27 млади сограѓани првенци од 22 средни училишта на Градот Скопје, а од следната година ќе ја имаме и првата генерација од матуранти од 23-тото средното училиште во Сарај, истакна Шилегов.

Додаде дека првенците се на крстосница во животот, дека во средношколските клупи стекнале другари за цел живот, а со своите успеси си поставиле основа. Им порача таа основа да ја надградуваат секојдневно со стекнување нови знаења, затоа што нивниот успех, рече, е успех токму и на градот Скопје.

Секторот за локален економски развој на Град Скопје и годинава како награда на најдобрите средношколци-првенци во генерацијата и сите што на некој начин придонеле за афирмација на нивното училиште, организираше екскурзија „По стапките на творците на градот“. Целта на овој проект е младите генерации да се запознаат со знаменитостите, убавините и богатата историја, традиција и мултиетничкото живеење во Скопје. (МИА)