Повлечена храна за доенчиња на „Лакталис”

Се повлекуваат млечната храна за  доенчиња со трговско име Picot SL. и производите од брендот Picot SL Celia Prema, Celia Digex -12, Celia Expert 2 со сериски броеви 17С0013095; 17С0012806 и 170012838 по потекло од Франција, од фабриката „Лакталис“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, потрошувачите кои веќе ги купиле овие производи не треба да ги консумираат и можат да ги вратат на местото каде што ги купиле.

Производите се увезени во Македонија преку Промедика ДООЕЛ од Скопје.

Информацијата дека производите се небезбедни е добиена преку РАСФФ системот за брзо информирање на ЕУ.(МИА)