Потпишан Меморандум за меѓувладини трансакции меѓу Македонија и Канада

Потпишан Меморандум за меѓувладини трансакции меѓу Македонија и Канада

Меморандумот го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Кетлин Чаба, вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора.

30
SHARE

Владите на Република Македонија и на Канада денеска склучија Меморандум за меѓувладини трансакции, вклучувајќи набавка на безбедносна и сигурносна опрема, обувки и услуги.

Меморандумот го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Кетлин Чаба, вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора.

Меморандумот има за цел да ги олесни и помогне меѓувладините трансакции за набавка на безбедносна и сигурносна опрема, обувки и услуги кои ќе се извршуваат меѓу двете страни. Исто така, со меморандумот е предвидено двете страни да идентификуваат  проекти или активности за кои се достапни добра или услуги од Канада, соопшти МВР.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY