Неколку улици во Скопје ќе бидат затворени, поради самитот на лидери на...

Неколку улици во Скопје ќе бидат затворени, поради самитот на лидери на Западен Балкан

207
SHARE

По повод претстојниот “Дигитален самит на земјите од западен Балкан“  што на 18 и 19 овој месец ќе се одржува во Скопје во хотелот “Александар Палас“  како и во ВИП Арена (сала “Борис Трајковски“), во текот на утрешниот ден (17.04.) од 15 часот, како и наредните два дена (18/19/04.), односно до 15,30 часот на 19.04., СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.

Имено, со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците Јадранска магистрала, Скупи, делови од булеварите Осми Септември, Илинден, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот “Александар Палас“).  Исто така, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром.

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY