Матичните гинеколози добија капитација од 55 денари

Матичните гинеколози добија капитација од 55 денари

783
SHARE

Се постигнала согласност за зголемување на вредноста на капитациониот бод на гинеколозите од 50 на 55 денари со имплементација во втората половина на годината, ова беше соопштено по денешната средба на ФЗОМ со претставници на Здружението на приватни гинеколози и акушери на Македонија.

На средбата се дефинирале чекори за реализирање на заеднички цели за зголемување на квалитетот на здравствените услуги кои се во интерес на осигуреничките.

– Се заклучи дека ќе се најде модалитет за вреднување на услугите дадени на бремените осигурени жени што треба да биде имплементирано во наредниот договор помеѓу ФЗОМ и матичните гинеколози – пишува во соопштението.

Според соопштението, главна цел на ова е унапредување на статусот на матичните гинеколози  и неопходна итна потреба од нивно максимално ангажирање за намалување на смртноста на новороденчињата и родилките во Македонија.

Договорено е да се формира работна група од страна на ФЗОМ и претставници на матичните гинеколози која ќе работи на креирање на пакет на услуги во гинеколошка акушерската дејност на примарно ниво.

– Формирањето на пакетот на услуги ќе произлезе од медицината базирана на докази а е во согласност со Упатството за антенатална заштита и другите клинички упатства во гинекологијата и акушерството – се наведува во соопштението.

Матичните гинеколози во јануари годинава побараа зголемување на капитацијата на 60 денари, а од ФЗОМ одговорија дека тие се најскапо платените специјалисти во Македонија.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY