Граѓаните го почнуваат ловот на корумпирани извршители

Граѓани кои се организираат преку социјалните мрежи, денес ќе протестираат пред Комората на извршители во Скопје. Тие велат дека почнува ловот на корумпирани извршители и сметаат дека нивното делување надвор од судовите е непотребно, а пак однесувањето е недозволиво.

Протестот е реакција на новиот Закон за извршување, со кој доколку граѓаните немаат платено комунални сметки, извршителот не смее да ги блокира без претходно известување.

Протестот е закажан во 12 часот.