ФОТО: Украдени сите шахти во Карпош 1

1585

Жителите на Карпош 1 изутринава беа изненадени од вешти крадци кои успеале да ги украдат сите шахти во населбата. Но нивната „инвентивност“ не завршила тука.

Како предупредување за граѓаните да не пропаднат во некоја дупка, оставиле гранки и лисја кои ѕиркаат по улиците.

Фотографиите ги направи екипата на „Слободен печат“ на улицата Руѓер Бошковиќ во Карпош 1.