Четири уникатни идеи како да се смени ликот на „Скопје 2014“

Четири уникатни идеи како да се смени ликот на „Скопје 2014“

Одговор дава проектот насловен „Ослободување на просторот“, кој годинава ја претставува Република Македонија на архитектонското Биенале во Венеција.

232
SHARE

Што да се прави понатаму со објектите по проектот „Скопје 2014“? Oва прашање е предизвик за многу архитекти, додека јавноста очекува некаков одговор. Очекувањата беа црно-бели, објектите да се урнат или да се заборават и да се остават. А со текот на времето, оваа тема како да залута во еден „глув“ простор, пишува „Плусинфо“.

Одговор дава проектот насловен „Ослободување на просторот“, кој годинава ја претставува Република Македонија на архитектонското Биенале во Венеција. Поставката е организирана од Музејот на современа уметност Скопје, при што комесар е Зоран Петровски, куратори се Марија Мано Велевска и Слободан Велевски, а е поддржана од Министерството за култура. Во изработката на идеите е вклучена низа македонски, млади и успешни архитекти кои живеат и работат во странство, кои пак, вклучиле свои соработници од странство.

Кураторите тргнале од просторниот аспект на „Скопје 2014“. Одбрани се четири јавни објекти – Платото на Македонската опера и балет (МОБ) со кејот на реката Вардар, објектот на Владата, поштата со телекомуникацискиот центар и стоковната куќа на плоштадот „Македонија“, позната како НАМА.

Идеите и галеријата погледнете ја на следниот линк.