Ангелов: Споменик на Ќосето – да, но не пред судот

Споменик на Ќосето – да, но не пред судот, напиша Стојанче Ангелов на „Фејсбук“.

„Андон Ќосето (1854-1953). Херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата. За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневнополитички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ. Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред судот. Ќосето не бил судија ниту, пак, судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата“, напиша Ангелов.

Затоа, додава тој, споменик на Андон Ќосето треба да има, но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации.