Финалисти за прозната награда „Стале Попов“

Друштвото на писателите го објави списокот на 15 финалисти за годишните награди за 2024 година

Конкурсот за годишните награди на ДПМ е на чекор од својата завршница. Тројцата кандидати за наградата „Мост“ (најдобра книга напишана на некој од јазиците на националностите во Македонија) беа познати од самиот почеток, минатата недела беа обзнанети финалистите за наградата „Димитар Митрев“ за најдобра збирка критика или есеистика, а сега познати се и финалистите за наградите „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија и „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади.

Финалисти за наградата „Стале Попов“ се „Ветрилиште“ (Игор Анѓелков, „Или-или“); „Кој го уби Едгар Алан По“ (Владо Јаневски, „Или-или“); и „Приказничар“ (Жарко Кујунџиски, „Антолог“).

Финалисти за наградата „Ацо Шопов“ се „Јазикот што само ние го разбираме“ (Зоран Јакимоски, „ПНВ Публикации“); „Одглас (на нечуеното)“ (Сузана Мицева, самиздат); и „Посвети и пофалби“ (Иван Џепароски, „Дијалог“).

Финалисти за поетската награда „Ацо Шопов“

Финалисти за наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца се „Бакнежи на небото“ (Иван Антоновски, „Светулка“); „Со големо Д (прозен воспев на Другарството)“ (Александар Кујунџиски, „Антолог“); и „Првото жарче Љ У Б“ (Велко Неделковски, „Арс Ламина“).

Финалисти за наградата „Ванчо Николески“

Финалисти за наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика се „Книжевни паметници“ (Наташа Аврамовска, Институт за македонска литература); „Жени во македонската книжевност од XIX век“ (Славчо Ковилоски, Институт за македонска литература); и „Дом во тишина“ (Никола Маџиров, „Арс Ламина“).

Финалисти за наградата „Димитар Митрев“

Конкуренти за награда„Мост“ се „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“, Гордана Јовиќ Стојковска, „Слово љубве“); „Vetëtimat e heshtjes“ („Молњи на молкот“, Делвина Крлуку, самиздат); и „Kopeja Me Zgjebe ndjek autorin“ („Шугавото стадо го брка авторот“, Каљош Челику, самиздат).

Финалисти за наградата „Мост“

Во претстојните неколку дена, членовите на петте комисии, кои досега работеа самостојно, ќе се сретнат и на состанок ќе ги бираат наградените наслови за 2024 г.

Добитниците на традиционалните награди на ДПМ за 2024 г. ќе бидат обзнанети на прес-конференција за медиуми на 11 февруари, а доделувањето на наградите ќе се случи во свечената сала на ДПМ на седумдесет и осмиот роденден на Друштвото на писателите на Македонија, на 13 февруари 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот