Друштвото на Матеј пиело виски и вино – тој излегол да трча да се отрезни, нова теорија за исчезнатото момче

Клубот Готик каде Матеј Периш се забавувал со друштвото на новогодишната ноќ/Фото: Скриншот

Младите дојдени од Сплит, во чие друштво Матеј Периш (27) се забавуваше во клубот „Готик“ во Бетон салата кобната ноќ меѓу 30 и 31 декември кога исчезна околу 2.30 часот наутро, таа вечер беа одлично расположени. Тие порачале шишиња со алкохолни пијалаци, открива за „Блиц“ извор кој вечерта бил во „Готик“ и кој вели дека не можело да не се забележи група од седум млади мажи од Сплит.

– Друштвото во кое беше Матеј нарачуваше големи количества алкохол. Зедоа четири шишиња виски, шест шишиња вино… Имаше сè. Тие беа бучни и затоа обезбедувањето одвреме-навреме ги смируваше – изјави за „Блиц“ овој очевидец.

Изворот тврди дека било „повеќе од очигледно“ дека сите биле под дејство на алкохол и дека треба да се земе предвид нивното однесување.

– Колку што слушам, исчезнувањето на Матеј го пријавиле дури следниот ден околу 18 часот, иако исчезнал во 2.30 часот – вели соговорникот на „Блиц“.

Трчал за да се отрезни?

Една од претпоставките што деновиве се појави во медиумите е дека Матеј Периш во студената декемвриска ноќ под дејство на алкохол излегол од „Готик“ без јакна, само во маичка со кратки ракави и дека почнал да трча за да се отрезни малку.

Според таа теорија, младиот човек набрзо се дезориентирал, што го објаснува неговото чудно однесување на снимките снимени од надзорните камери, на кои се гледа како се обидува да влезе во такси под Бранковиот мост, иако бил оддалечен само на 200 метри од клубот „Готик“.

– Трчаше долго, можеби околу еден час. Можеби мислел, ако конзумира алкохол или што и да е, дека за час ќе се отрезни – изјави денеска Слободан Мишковиќ, поранешен инспектор за киднапирања и изнуди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот